x

Англичаните шпекулираат: Сити го менува Пеп со Нагелсман!?

nagelsman

Англиските медиуми со најнови шпекулации по слабиот старт на сезоната на Манчестер Сити во Премиерлигата. После само осумте освоени бодови од првите пет кола, и фактот што екипата во моментов е далеку од врвот, се појавија информации дека Пеп Гвардиола би можел да биде сменет после секој нареден нов „кикс“ на Сити во Англија.

Англиските медиуми одат дотаму што веќе било познато и новото име на клупата на „сините“ од Манчестер. Наводно тоа ќе бил Јулиан Нагелсман, актуелниот тренер на Лајпциг, кој во минатото се поврзуваше и со други големи тимови.

Но, Нагелсман, кој минатата сезона стигна до полуфиналето во ЛШ, има цврст договор со Лајпциг. Меѓутоа кога е Сити во прашање, не е проблем и да плати обесштетување за да го види на клупата еден од најмладите, но и најталентирани тренери во Европа во моментов.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата