x

Англичаните уверуваат: Реал нема да оди во карантин при доаѓањето во Манчестер

real-man-city

И покрај тоа што Британија воведе двонеделен карантин за сите што влегуваат од Шпанија на нивна територија, тоа нема да го спречи одигрувањето на реванш мечот меѓу Манчестер Сити и Реал (М) во Лигата на шампионите, тврдат од Островот.

Министерот за култура, дигитализација, медиуми и спорт, Оливер Дауден, објави дека неговиот оддел се согласил да ги ублажи протоколите за влез за специјални спортски и културни настани. Тој ја истакна токму ЛШ:

„Ова значи дека британското гран-при (Формула 1) и Лигата на шампионите ќе се одржат во Англија. Ова е голем чекор за враќање во нормалниот живот“, потенцирал Дауден.

Британската влада сè уште не ја разјасни ситуацијата, а шпанскиот весник „Марка“ вели дека судбината на возвратниот натпревар од ЛШ се уште е во рацете на британскиот премиер Борис Џонсон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата