x

Англичаните објавија сензација: Сепак нема нов договор за Пеп, неговата замена е позната

0_gettyimages-1134733848

Иако денеска беше објавено дека Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на Пеп Гвардиола, што пак звучеше неверојатно, особено по елиминацијата во Лигата на шампионите, пред малку излезе нова вест.

„Сан“ тврди дека челниците на премиер-лигашот размислуваат за Маурицио Покетино, кој беше поврзуван и со Барселона. Тој одамна е без работа, откако се раздели во Тотенхем, а нема ништо против да седне на клупата на Манчестер Сити.

Покетино добро го познава англискиот фудбале поради времето кое го мина во Тотенхем, лани успеа да дојде до полуфиналето на ЛШ, фаза до која Гвардиола веќе одредено време не успеа да дојде.

Аргентинецот претходно се поврзуваше со Јунајтед, Реал и секако Барселона.

Не е познато каков договор би добил, но сигурно ќе добие поголема сума на пари од онаа во Тотенхем.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата