x

Англичаните воведоа лимит за плати на фудбалерите

efl

Клубовите од англиската Лига 1 и Лига 2 се согласија за воведување на лимит за платите на фудбалерите во овие две лиги. Во Лига 1, третото ниво на фудбалско натпреварување во Англија, максималната годишна плата на фудбалер не смее да биде поголема од 2,5 милиони фунти, додека во Лига 2 лимитот е поставен на 1,5 милиони фунти.

Лимитот, сепак, останува условен и ќе вклучува основни плати, даноци, бонуси, такси за агенти, имиџ права и други трошоци, но ги исклучува исплатите поврзани со добивањето на премии од промоција. Покрај тоа, сите приходи создадени од изнајмување играчи ќе бидат одземени од пресметките на клубовите.

Англиската фудбалска лига потврди дека се водат разговори за воведување лимит на плати и за клубовите во Чемпионшип.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата