Англиски колач е најбрзиот колач за подготовка а со самото тоа и можност да биде консумиран за помалку од половина час, особено за гости кои се најавени да ви дојдат за толку време колку што е потребно колачот да биде готов.

Потребни состојки:

– 5 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша брашно
– 1 пециво
– 1 ванила
– 150 грама путер или маслец
– рендана кора од лимон

Сите состојки се мешаат заедно со миксер. Кога добро ќе се измешаат, маста да стане хомогена, се става во подмачкан куглов (може и во тепсија со масна хартијаи) и се пече на 180-200 степени околу 20-30 минути (добро е да се провери кога е целосно испечен)

По желба се покрива со прав шеќер.