Англиски кокер шпаниел
Оваа раса кучиња спаѓа во 5-ФЦИ група, кучиња од типот на “шпиц”. Инаку, тоа се ловечки кучиња од типот на “шпаниел” на Британскиот остров, кои биле познати уште од 10-от век, но и покрај името уште не е со сигурност потврдено дека потекнуваат од Иберискиот полуостров. Порано тоа биле обични ловечки кучиња, кои не биле специјализирани за работа на вода и за терање на дивечот од густите шуми. Уште во 1859 година се поделени на водни и на полски , иако и тогаш како и сега биле познати следниве типови: Фиелд, Цоцер, Суссеџ и Цлумбер Спаниел. Името Цоцер сигурно потекнува од неговиот ангажман во ловот на шумски чапли – њоод-цоцк или од цоцк-схоотинг што значи лов на диви птици или на пердувест дивеч. За постанокот на кокер шпаниелот со сегашните карактеристики и официјалното запишување како раса се смета од 1883 година и градот Асхтон. Кога станува збор за изгледот на овие кучиња, слободно може да кажеме дека за својата величина тој е прилично силен пес, со квадратеста форма и добро развиена мускулатура. Мажјаците до гребенот се високи 39-41см, а женките 38-39см. Главата им е масивна, но не и груба, муцката и черепот се со сразмерна должина со горни паралелни профилни линии. Вилиците им се снажни и се со ножичест загриз како би можеле полесно да го носат отстреланиот дивеч. Во матичната земја најбитно е сите секачи да бидат на број, а другите заби и не се толку битни. Усните им се суви, затегнати и добро прилепени врз непцата. Очите им се овални, со кафеава до темнокафеава боја или се во склад со бојата на влакното. Ушите им се доста долги, висечки, ниско насадени покриени со долги густи и благо извиткани влакна, а кога лесно би ги повлекле нанапред со краевите го допираат врвот на носот. Вратот е со средна должина, силен и сув, без кожни набори. Грбот им е краток, со силен и прав слабински дел, додека шепите се спуштаат нешто пострмно. Опашот им е насаден нешто пониско од грбната линија и обично кокерот го носи хоризонтално и весело мафта со него. Градниот кош е со добро заоблени ребра и спуштен е до лактите. Предните и задните нозе се рамни и паралелни, со паралелно аголни зглобови. Бојата на влакната им е со доста широка палета. Најчесто се сретнуваат еднобојните кои се со црна, црвена или со боја на злато. Освен овие чисти бои дозволени се и комбинации на нијанси, како и одредени флеки околу муцката, на градите и на предните шепи, но овие флеки не смеат да зафаќаат повеќе од 10% од телото. Влакната им се рамни, свиленкасти и никогаш груби или волнести. Исклучок претставуваат кутрињата, кои вистинската боја ја добиваат по навршувањето на двенеделна старост. Има претставници од оваа раса, кои се со чисто бела боја кои се раѓаат поретко, но поради предиспонираноста кон болести и зголемениот процент на смртност се одбегнуваат за расплодување. Ако сакате вашиот кокер шпаниел да го носите на изложби и натпревари треба да знаете дека постојат посебни норми за изгледот и квалитетот на неговите влакна. Токму поради тоа, постојат и одредени начини при третманот на влакната кај нив, кој се состои од три етапи од кои првата е отстранување на мртвите и одвишни влакна, потоа следува стрижењето со машинка и на крај дооформување односно ефилирање со ножици. Убавиот и атрактивен изглед и милата природа брзо го има донесено овој пес од шумите во салоните и така сега претставува омилен домашен миленик. За ова секако има придонес и неговата верност и дружељубивост со луѓето како и малите потреби за вода и простор за чување.
Милан Попчевски