x

Ангелов го урна Зрињски во 89. минута

angelov

Екипата на Широки Брег го совлада Зрињски на „Пецара“ со 2:1 во последниот дуел од есенскиот дел на сезоната во Премиер лигата на БиХ. Одново блескаше македонскиот интернационалец Виктор Ангелов кој влезе во игра во второто полувреме и го одлучи победникот со голот во 89 минута.

За Ангелов ова е четврти гол сезонава за Широки. Пред две кола даде два во победата над Слобода Тузла, а минатиот месец постигне еден гол во победата на својот тим против Радник.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата