x

Ангеловски со мега интервју во Газета Дело Спорт

mrme-1

Македонскиот селектор Игор Ангеловски во моментов е во центарот на вниманието поради нашиот пласман на Европскиот шампионат следното лето. Не само на нашата јавност туку очигледно и Европа сака да дознае што повеќе за нашиот млад и перспективен фудбалски водач.

Па така, денешниот број на реномираниот и престижен Италијаски весник Ла Газета Дело Спорт објави мега интеврју на цела страна со нашиот селектор во кое тој ја објаснува целата ситуација околу нашиот историски пласман на Континенталниот шампионат.

„Не се одбива понуда да се биде селектор на својата земја. Иако во тој момент ситуацијата не беше сјајна во репрезентацијата. Јас го имам разработено во мојата работа системот 3-5-2 и добро функионираме“ – вели нашиот селектор,  а потоа.

„Ја сакам Италија како фудбалска средина затоа што таму тренерите играат огромна улога. „Капа долу“ за Капело и за неговите успеси, а ги ценам и Гасперини и Манчини. Наполи во Елмас има дијамант, а не можам да разберам зошто Несторовски има толку мала минутажа во Удинезе“ – вели во опширното интервју Игор Ангеловски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата