Селекторот на македонската фудбалска репрезентација заблагодарувајќи се на сите кои ги пречекаа доцна во ноќта не можеше да ја сокрие среќата за историскиот успех.

Среќни сме што успеаве да го обединие народот, бидејќи ние во репрезентацијата така живеевме 5 години. Без разлика на етничка, верска било каква припадност. Бевме големо семејство, а тоа ни донесе пласман на Европско првенство, рече Игор Ангеловски

Тој го коментираше и пензионирањето на македонскиот капитен Горан Пандев кој претходно соопшти дека по Европското ќе стави крај на кариерата.

– Нема пензија за Горан ниту по Европското првенство. Најпрво мора да одиме на Светското првенство 2022 во Катар, па потоа може да размислиме да го ослободиме, рече Ангеловски