x

Ангеловски: Оваа репрезентација е едно големо семејство

img-2629d32bc076dcc0260b0f24b6fed914-v

Утрово нашата фудбалска експедиција пристигна во Македонија и беше пречекана од владина делегација на граничниот премин Блаце. Селекторот Ангеловски пред новинарите уште еднаш истакна каква е големината на оваа репрезентација.

„Ви благодарам што не пречекавте на наша територија. Среќни сме што успеавме да го обединиме народот. Така ние живеевме во репрезентацијa пет години, ние сме едно големо семејство и така дојдовме до ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери, се надевам на уште поголеми спортски успеси“, изјави Ангеловски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата