Кога станува збор за безбедноста на врховниот лидер, Северна Кореја не остава ништо на случајност.

Светот со денови се обидува да открие каде е лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун и каква е неговата здравствена состојба откако се појавија гласините дека тој е „сериозно болен, во вегетативна состојба или кома, не можејќи да застане и да шета, па дури и дека починал “.

Последната информација е дека тој се засолнил во домаралиште поради заштита од корона вирусот. Несомнено е дека Ким Јонг Ун привлекува внимание каде и да се појави, но тој остава ништо на случајноста и секогаш е опкружен со силни припадници на безбедноста, а сите знаат за неговиот тим од 12 телохранители кои трчаат околу неговиот автомобил.

Додека го чекаме Ким Јонг Ун да се јави или барем неговите нови фотографии да се појават во јавноста и да ја решат мистеријата за неговото здравје, ќе се потсетиме на неговите „12 sверови“, кои привлекоа нимание на јавноста пред две години.

Тие за прв пат беа забележани на самитот на двеѕе Кореи во 2018 година о пограничното село Панмундом, во демилитаризирана зона помеѓу Северна и Јужна Кореја. Се одбираат првин по своето потекло, лојалност на фамилијата од која доаѓаат. Поминуваат обука од најмалку четири години и само оние кои покажале најдобри ментални и физички резултатаи можат да се надеваат да работат во непосредна близина на лидерот.

Овие телохранители се дел од Врховната гарда, која има за задача да го заштити владејачкото семејство на Северна Кореја. Според официјалната историја, оваа гарда учествувала во војната во Кореја, а нејзините единици „создале“ дури 72 „лабораториски херои“ и 28 „републикански херои“.

Првите единици се создадени во 1946 година и од 1970 до средината на 1990-тите беа дел од Министерството за внатрешна безбедност. Ким Јонг Ил ја реорганизира гардата со отпуштање на десетици офицери и проширување на својата група приватни телохранители за 200 лица и нарекувајќи ги „Оддел 2.16“.

Оваа гарда е под контрола на Корејската народна армија и е поделена на приближно шест дивизии, три борбени чувари, неколку оддели за телохранители и еден градежен баталјон. Во единицата се вработени помеѓу 95.000 и 120.000 луѓе.

Гардата ги надгледува воените и партиските фигури за да се гарантира безбедноста на семејството Ким. Овие единици користат и артилерија и оклопни возила за да го заштитат раководството на земјата. Безбедноста на Ким била внимателно избрана – по физичка форма, изглед, „снајперски вештини“ и боречки вештини, така што „не би пропуштиле мравка“.

Критериумите за избор вклучуваат и услов за висина – тие мора да бидат приближно иста висина како врховниот лидер – и не смеат да имаат оштетување на видот. Треба да покажат некое достигнување или голема способност за вештини како што се пукање со пиштол и боречки вештини.

На крај, телохранителот е предмет на ригорозна истрага во која неговото или нејзиното семејство се испитува две генерации назад. Откако ќе бидат избрани, на членовите им се дава лична карта, додека сите други податоци се бришат, а семејниот контакт е забранет. Како телохранител може да работи само еден член на семејството.

Регрутите потоа одат во специјални кампови за обука од две години. Обуката вклучува теквондо, тренинг за чувари, маршури од 25 км и тактики за време на специјалните операции.

Мистериозната група ја следеше и Ким за време на самитот во Сингапур со американскиот претседател Доналд Трамп истата година, тие се постојано до него дури и кога тој се вози во автобил тие трчаат паралелно со возилото. Телохранителите ги надгледуваа просториите за состаноци за да проверат дали има експлозив и прислушување. Столчето Ким на кое седеше претходно беше дезинфицирано, за лична сигурност.

Оние што се приближуваат до него се дел од нешто што се нарекува Централна канцеларија бр. 6 или е официјално позната како Главна канцеларија. Тие формираат линија за заштита околу Ким и се избрани од регрутерот на Корејската народна армија (КПА) откако ќе се утврди дека ги исполнуваат обврските за воена служба.

Дали е оваа манифестација на безбедност страв на корејскиот лидер, или демонстрација на недопирливост и моќ, останува секој да изгради впечаток за себе.