x

Ангели се вистински хит во Втората лига, настрадаа и струмичани

angeli

По пауза од едно коло, Ангели продолжи онаму каде што застана. Тимот од Кисела Вода го запиша седмиот триумф во седмиот натпревар оваа сезона во Втората лига, откако на домашен терен го совлада Ролинг Струмица со убедливи 115-58 во рамките на 9. коло во ова натпреварување.

Со новите бодови, кошаркарите на Ангели се зацврстија на лидерското место во групата Исток, имаат 14 бодови три повеќе од Борец, и натпревар помалку.

Симеон Митров со 23 поени беше прв стрелец, три помалку коша запиша Теодор Милевски, двоцифрен број на поени (15 поени) имаше Ангел Кечовски.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата