– Се почна кога појдов кај него во студио да ги слишнам песните. Работата на тој албум ни донесе пријателство, па љубов. Во почетокот се дружевме, се спонтано се случи. На почетокот навистина бевме само соработници, и тој е единствен човек чиј текст сум отпеала а да не е Марина Туцаковиќ, ја почнала својата исповед Ана Николиќ за тоа како меѓу неа и Раста се родила љубов. 

Признава жали што не успеале, но среќна е што ја имаат ќеркичката Тара иако повеќе не се заедно. 

– Сакав кога ќе се остварам како мајка тоа да е од љубов и со личност со која си првенствено пријател. За жал, не успеавме да останеме во брак, но пријатели сме и имаме доволно голема причина да бидеме благодарни на нашата љубов која ни го донесе најсовршеното нешто, а тоа е Тара, додала Ана.