Речиси нема некој да не знае дека пејачката Ана Николиќ има брат кој воедно е и нејзин менаџер, но речиси никој не знае дека таа има и сестра на која јавно и го честиташе роденденот.

Имено пејачката сподели фотографија на нејзиниот Инстаграм профил од својата сестра и под неа напиша:

Среќен роденден најубава и најдобра сестра на светот, те сакаме Тара и јас, напиша пејачката.

Набрзо следуваат и честитки од фановите во коментари, но и тие го коментираа изгледот на нејзината сестра.

„Ау преубави сте“, „убава ти е сестрата“, „убава жена“, „баш си личите“, беа само дел од коментарите.