Ана Николиќ, која пред неполн месец го промовираше новиот албум “Лабилна”, во едно интервју открила дека и недостигаат пари за да може да ги изреализира сите работни планови, па поради тоа планира да побара заем од рускиот милјардер Роман Абрамовиќ.

Ми треба некој милијардер во животот. Ми се допаѓа Роман Абрамовиќ и сериозно размислувам да му се обратам и да побарам заем од него затоа што веќе банкротирав и ми требаат пари. Ако некој знае каде ќе ја паркира јахтата ова лето, нека ми пише на Фејсбук”, порачала пејачката која периодов не може глава да крене од настапи и пее низ регионов.