Победничката од реалити се впуштила во естрадните води, а идните планови многумина ќе ги изненади.

Пеачката Ана Бекута се подготвува за новата сезона “Ѕвездите на Гранд” која почнува во септември, а последните денови се шпекулира дека во жирито на популарниот натпревар би можела да се најде и победничката на “Задруга” Кија Коцкар.

На прашањето дали во новата сезона ќе има промени кои се најавувани со месеци наназад, Бекута вели:

– Мислам дека ќе има. Добив порака од луѓе во “Гранд” дека треба да се сотанеме почеток на септември да поминеме се и да видиме како ќе функционира – ркла Ана.

 

Како последните недели се шпекулира, дека во жири на “Ѕвездите на Гранд” може ќе се најде и победничката на “Задруга” Кристина Кија Коцкар, изгледа дека оваа информација ја изненади легендатната пеачка, па незнаела што да одговори:

“Молим?, Кој? Тоа навистина незнам… Незнам каква улога она би можела таму да има… Можеби Поповиќ знае – рекла прилично шокирано Ана Бекута.