Грчката полиција уапси член на анархистичката група Рубикон, откако нејзини членови ја нападнале и фрлале со бои врз француската амбасада и францускиот конзулат во Атина. Групата на анархистичка интернет страница, објави дека нападот бил израз на незадоволство поради француската интервенција во Сирија, како и солидарност со работниците кои штрајкуваат низ целата земја.

Електронското издание на „Катимерини“ јави дека уапсениот најверојатно е дел од група која брои 130 лица, кои од време на време учествуваат во такви акции.

 

извор: Makfax