x

АМС ги објави условите за помош на спортистите: Нема помош за оние кои имале плати над 40.000 денари

Агенцијата за млади и спорт денеска ја објави постапката за аплицирање и добивање на државна помош за спортистите и спортските работници во периодот на пандемијата со коронавирусот. Откако уредбата со законска сила на Владата се појави во Службен весник, стана јасно дека мерката ќе можат да ја искористат сите спортисти, стручни лица во областа на спортот и спортската администрација.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година во месечен износ од 14.500 денар.
Според објавата во Службен весник, оваа уредба не ги опфаќа спортистите кои земаат плата повисока од 39.900 денари месечно.

Во продолжение ги имате линковите за уредбата, упатството и потребните документи.

УРЕДБА ЛИНК

УПАТСТВО ЛИНК

БАРАЊЕ ЛИНК

ИЗЈАВА ЛИНК

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата