„Виадукт Трејд“ исвестува дека има промена на режимот на сообраќај, поради градежните активности при поставување на индуктивни јамки на автопат кои започнаа вчера, кај наплатната станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена.

Од вчера се започнати и градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, кои ќе се одвиваат во период од 30 дена, за што исто така е извршена промена на режимот на сообраќај.

Вчера се започна и со изведување на градежни активности на дел од ул. “Ѓорче Петров” од крстосница со бул. “Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што е извршена промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

извор: Makfax