Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

извор: Makfax