Италијанската актерка и манекенка Џулија Монтанарини отсекогаш се интересирала за фудбал. На 17-годишна возраст таа ја освои титулата “Мис на Италија”, по што се пресели во Рим и почна страсно да навива за “волчицата”. Сепак, во последно време интересирањето за Рома е ставено на стенд-бај, бидејќи нејзиниот спортски интерес е насочен кон Англија, каде настапува нејзината љубов Лоренцо Аморусо. Чувствата кон 34-годишниот член на Блекбурн се многу силни, а верноста му ја искажува со помош на чести телефонски разговори. Русокосата убавица пред целата италијанска јавност изрази желба да стане сопруга на Лоренцо, но тоа не е така едноставно.
Монтанарини е мажена за богатиот бизнисмен од Сан Марино, Леонардо Панавати, а разводот е во тек. Убавицата сака од неуспешниот брак да излезе со половина од богатството на својот сопруг, кој, пак, преку долг судски спор се обидува да го намали процентот што го побарува Џулија. На Аморусо му останува само да чека и да се надева дека оддалеченоста нема да влијае на интензитетот на љубовта.