Министерството за правда ја обвини преведувачката Маријам Таху Томпсон (61), која работи во Пентагон, за ширење на информации за американските шпиони.

Таа, според „Бизнис инсајдер“, ги доставила деталите за нивниот идентитет и методите на работа до странски државјанин за кој постои сомневање дека имал врски со милитантната група Хезболах. Според податоците, таа наводно била вљубена во оваа личност.

Според соопштението за јавност, против неа е поднесена кривична пријава и се додава дека информациите што Томсон ги пренела вклучуваат „класифицирани информации за националната одбрана во врска со активните човечки ресурси, вклучително и нивните вистински имиња“.

„Компромитирајќи го идентитетот на овие луѓе, Томпсон го довела во опасност американскиот воен персонал“, стои во соопштението.

Соопштението е потпишано и од ФБИ агентот, Даниел Реј, а во него се додава дека сомнителната активност на компјутерот на Томпсон е забележана на 30 декември, еден ден откако Американците започнаа воздушни напади врз иранските сили во Ирак и истиот ден кога демонстранти упаднаа во американската амбасадата во Ирак.

Наводно Томпсон неколку пати пристапил до класифицирани информации на мрежата на Пентагон, иако немало потреба од тоа.

Се верува дека податоците ги праќала во период од шест недели, од 30 декември до 10 февруари. Во тој период, американскиот претседател Доналд Трамп даде дозвола за ликвидација на иранскиот генерал Касим Суjемани, што доведе до хаос во регионот.

Службеничката вкупно доставилал 57 документи, кои содржат информации за осуммина разузнавачки службеници.

Предвидено е таа денес за прв пат да се појави на суд.