Нов вооружен инцидент со пукање, повредени и жртви во САД. Се случи ноќеска во Одеса, Тексас пришто, според американските медиуми, се убиени најмалку пет лица, а 20 се здобија со потешки или полесни повреди. Напаѓачот е убиен во судир со полицијата.

Поголемиот број од повредените се цивили, а меѓу нив и едно дете. Повредени се и двајца полицајци кои се обиделе да го запрат возилото на напаѓачот. Мажот, чиј идентитет не се открива, почнал да пука откако полицијата се обидела да го запре поради вртење без трепкач.

Се уште не е познат и мотивот за нападот. Ова е втор вооружен инцидент во Тексас во краток рок, откако пред четири недели во градот Ел Пасо вооружен маж уби 22 луѓе.