Додека властите од целиот свет апелираат и предупрeдуваат на почитување на воведените мерки за време на пандемија, Американците на Флорида не се грижат многу. Од пропишаната оддалеченост нема ништо, на пренатрупанта плажа се речиси еден до друг.

Фотографии и видео од Западниот брег на Флорида покажуваат како љубителите на плажа, уживаа во сонцето изминатиот викенд. Додека неколку од плажите се затворени на Источниот брег поради вирусот Ковид-19, на другите се уште има гужви и покрај сите предупредувања.

Во САД досега има потврдено 4.700 случаи и повеќе од 90 мртви.

Градови и држави ширум светот одговоријна на епидемијата со затварање на училишта, аеродроми, ресторани и забранија масовни собири со цел да се спречи ширење на вирусот.