Делегација на познатата американска автомобилска компанија “Џонсон Контролс”, ја посети компанијата “АМАК СП” АД Охрид за сигурни појасни и автогалантерија, која важи за една од најголемите македонски извозници со бруто-годишен приход од над 10 милиони евра. Американската делегација водеше разговори со генералниот директор г-дин Венко Шапкар и менаџментот на компанијата. Целта на посетата и разговорите беше воспоставување деловна соработка меѓу “Џонсон Контролс” и “АМАК СП”. Покрај презентацијата на охридската компанија беа разгледани и производствените програми, при што гостите посебен интерес пројавија за технолошката опременост и производството на сигурносните појаси и пластиката.(С.В.)