Американската влада има опсежен план за вонредна ситуација во случај на смрт на севернокорејскиот лидер, очекувајќи хуманитарна криза од масовни размери во земјата.

Извори за „Фокс њуз“ разговарале за тие планови во моменти на контроверзни здравствени извештаи на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун. Тие исто така повикуваат на претпазливост на овие извештаи, кои тврдат дека Ким се соочува со смртна опасност по операцијата на срцето.

И натаму е непознато која е вистината за неговата здравствена состојба, американската влада направила опсежни планови во случај Ким да почине, рекол извор за „Фокс њуз“, за кој се вели дека е извор на високопозициониран разузнувач.

Владиниот претставник рекол дека најверојатно е голема хуманитарна криза во Северна Кореја, во која милиони луѓе би се соочувале со глад и масовен егзодус во Кина.

Разузнавачки извори рекле дека голем дел од планот бил потпирање на Кина да истапи и да помогне во контролирање на ситуацијата на севернокорејското тло. Делумно поради близината на Кина, како и делумно поради логистичкиот предизвик кој би го имале САД во обезбедување хуманитарна помош.

Извори од Белата куќа рекле дека го следат извештајот за состојбата на Ким, но дека се уште нема потврда за неговото здравје. Разговорите меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма долго време се во застој. Еден извор рекол дека за време на последниот самит, тие кои што биле во близина на Ким забележале дека тешко дише за неговите години.

извор: Makfax