Познатиот американски инвеститор Џим Роџерс веќе не го поставува прашањето дали финансиските последици од пандемијата ќе бидат големи, туку е сигурен дека светот го очекува најголемата економска криза досега, пишува РТ.

Според него, многумина ќе страдаат од последиците од пандемијата на коронавирус, затоа што тие ќе бидат видливи и откако ќе се совлада вирусот.

„Веќе реков за РТ дека следниот финансиски проблем ќе биде најлош досега“, вели Роџерс, истакнувајќи дека веќе се движиме кон финансиската криза што ќе ја доживееме за неколку месеци.

Според овој познат инвеститор, многу индустрии, како што се авионската и туристичката, ќе претрпат големи штети. Компаниите со големи долгови сега се особено изложени на ризик, а особено оние кои учествуваат во меѓународната трговија.

„Некои од нив ќе банкротираат“, рече тој, додавајќи дека авиокомпаниите и бродските компании најверојатно ќе бидат спасени од државите, бидејќи секој друг исход ќе биде срамен.

извор: Makfax