Тим американски археолози предводен од Каролина Снивеј, професор на универзитетот Гетисбург во Пенсилванија, која раководи меѓународен проект во кратовското село Коњух денеска го посетија музејот во Неготино.

Директорот на музејот Ристе Марков изјави дека гостите се интересирале за археолошката поставка во музејот.

Како што вели, тие биле задоволни од богатството од археолошки локалитети во општина Неготино, а биле одушевени и од етнолошката поставка која е понова и од помодерен тип.