Американски експерти проценуваат дека до август бројот на починати во САД ќе се искачи на 66.000 за 10 проценти повеќе од претходнте предвидувања, а директорот на Американскиот центар за превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди за нов зимски бран на епидемијата на коронавирус, оценувајќи дека ќе биде уште потежок од овој низ којшто поминуваме.

До промената дојде кога државите почнаа да ги ажурираат податоците за починатите, додавајќи ги и оние во старските домови кои починале а биле позитивни, рече директорот на здравствениот институт на универзитетот Вашингтон, Крис Мареј.
       
„Ако луѓето почнат да се вратат во нормална социјална интеракција, ризикот од пренесување ќе се зголеми и тогаш ќе се вратиме на еден вид на експоненцијален раст, којшто се случи пред да биде воведена социјалната дистанца“, предупреди Мареј.
      
Директорот на Американскиот центар за превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди за нов бран на коорнавирус во зима.
       
„Има добри шанси новиот бран на вирусот да биде многу потежок во зима, кога ќе има епидемија и на грип и на коорнавирус“, вели тој.

извор: Makfax