Седум години откако американскиот свиркач Едвард Сноуден предупреди на масовно следење на телефонските записи на Американците, апелацискиот суд пресуди дека програмата е незаконска и дека шефовите на разузнавачките служби на САД, кои јавно ја бранеле програмата, не ја кажувале вистината.

Апелацискиот суд во пресудата соопшти дека нелегалната телефонска мрежа, која тајно собирала милиони телефонски записи на Американци, го прекршила Законот за надзор на разузнавачката служба и можеби е неуставна.

Сноуден, кој избега во Русија по откритието во 2013 година и сè уште се соочува со обвиненија за шпионажа од САД, објави на „Твитер“ дека пресудата ја потврдува неговата одлука да излезе во јавноста со докази за домашната операција на прислушување на Агенцијата за национална безбедност (НСА).

„Никогаш не мислев дека ќе доживеам да ги видам нашите судови да ги осудуваат активностите на НСА како незаконски и во истата пресуда да ги препознаат моите заслуги за нивно разоткривање“, напиша Сноуден на „Твитер“.

извор: Makfax