Цената на американската сурова нафта на њујоршката берза пред објавувањето на количествата на комерцијалната понуда на нафта во САД и Мексиканскиот Залив достигна нова рекордна вредност од 51,48 долари за барел. Цените на нафтата не се смирија ниту по изјавата на претседателот на ОПЕК, Пурномо Јусиганторо, дека членките на картелот се подготвени да ги употребат преостанатите капацитети. Последното покачување на цените на црното злато, кои се на ниво кое е за 70 насто повисоко од истиот период лани, е последица на намаленото производство на американската нафта во Мексиканскиот Залив, а како резултат на беснеењето на ураганот Иван. (Макфакс)