Знамето на Конфедерацијата повеќе не смее да се истакнува во просториите на американската војска откако Пентагон објави нови правила со кои се забрануваат „симболи на поделбата“, објави Би-Би-Си.

Конфедерацијата се состоеше од јужните сојузни држави кои се бореа против укинувањето на ропството во американската граѓанска војна.

Неодамнешните анти-расни протести ги обновија повиците за забрана за знамиња на Конфедерацијата низ САД.

Министерот за одбрана, Марк Сепсер, кажа дека главното американско знаме е „Stars and Stripes“ и дека армијата е охрабрена да го истакнува. Другите знамиња „мора да бидат во согласност со воените императиви на редот и дисциплината, да го почитуваат достоинството на сите луѓе и да ги отфрлат симболите на поделба“.

извор: Makfax