Странски државјанин починал на фестивалот „Ултра Европа“ во Сплит, објавија хрватските медиуми.

Човекот починал во болница во Сплит, каде што во состојба на кома бил донесен во неделата наутро.

Според хрватските медиуми, станува збор за 26-годишен Американец кој починал поради предозираност со дрога.

Неофицијално, испитувањата на неговиот организам се покажале позитивни за амфетамин. Американецот доживеал епилептичен напад на стадион, по што итно бил транспортиран во болница. Поради проблеми со срцето бил примен во коронарното одделение каде лекарите се обиделе да го спасат неговиот живот.

Точната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата.

извор: Makfax