x

Американецот Гравет е ново име во МЗТ!

b9d86cbcedcf64b321e4048e51747efe

Хасани Гравет (24 г, 188 см), е најновото име во таборот на МЗТ Скопје. Тој денеска потпиша едногодише договор, ова го потврдија и “металците“. Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпишал договор со НБА екипата Орландо Меџик, за која сепак не заигра. Негови главни особености се брзината, шутот за три поени, агресивноста и одличниот преглед на играта. Очигледно е дека МЗТ потпиша со екстра играч за наши услови. Инаку Гравет е второто странско засилување за МЗТ во пресрет на новата сезона , откако шампионот го продолжи договоро со Феми Олуџоби.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата