Амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние денеска ќе ја посети компанијата „Завар” и ќе има средба со косопственичката Марта Наумовска-Грнарова, како и со претставнички на македонската мрежа на ментори, млади жени претприемачи, креатори на проекти кои ги пласираат во регионот, Европа и во светот.

– Амбасадата на Република Франција повеќе години наназад ја промовира еднаквоста помеѓу жените и мажите во општествениот и политичкиот живот. Борбата против сите форми на дискриминација врз жените е од суштинско значење за хармоничен развој на општеството во целина. Стереотипите ја попречуваат целосната еднаквост меѓу жените и мажите. Затоа, на Меѓународниот ден на правата на жените, ќе се потсетиме дека е потребно секојдневно да се грижиме за вистинска рамноправност, толку потребна во ова наше време, наведува Француската амбасада.