Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мари Брнз гостуваше во вестите на Сител каде во интервју, меѓу другото подвлече дека корупцијата е главна пречка за напредок на земјава.

Кога зборувате со луѓето низ земјава јасно е дека корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијаа е толку клучна затоа што е број еден препрека за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека е многу важно да се препознае дека независно  дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во  одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болница. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недовреба во општеството, рече амбасадорката Брнз.

Таа се осврна и на законот за јавно обвинителство, за кој рече дека не само што е важен за ЕУ, туку е важен и за иднината на земјата.

– Ги охрабруваме сите политички лидери да седнат заедно, да ги надминат разликите, да ги стават настрана плитичко-партиските позиции и да работат на законот, да го усвојат, пожелно пред распуштање на Парламентот, за земјава да продолжи по својот пат.

На прашањето за тоа какви избори очекуваат САД, амбасадорката Брнз рече:

– Очекуваме мирни, непречени и фер избори, а по изборите. очекуваме непрфечена транзиција кон нова влада која ќе остане посветена на спроведување на реформите кои ќе ја придвижат земјата напред на својот пат кон евро-атланскте интеграции.

Во оваа смисла, неопходно е политичките лидери и кандидатите да се фокусираат на проблемите, а не на лични напади, да овозможат простор за добра сидкусија и добра дебата, и да не дадат можност на надворешни или други внатрешни влијанија што ќе сакаат да го попречат и оцрнат демократскиот процес или на друг начин да се замешаат во изборите. 

Ние одблизу ќе набљудуваме со нашите меѓународни партнери, но на крајот, задачата да ја следат дискусијата и кампањата им припаѓа на граѓаните на Северна Македонија и оттука мислам дека повторно, мислам дека медиумите можат да одиграат позитивна улога во обезбедувањето на добри информации од кредибилни извори, и да помогнат да се креира клима во која има сеопфатна дебата меѓу кандидатите, фокусирана на проблемите, дебата која се занимава со прашањата кои најмногу ги засегаат граѓаните, дали е тоа вработувања за младите, подобар квалитет на животот, борба против корупцијата и сите теми за кои граѓаните сакаат да слушнат.