Од Американската амбасада во Скопје ја поздравија истрагата што ја иницираа шестмина конгресмени за улогата на амбасадата во политичкиот живот во Македонија.

„Ја поздравуваме истрагата од Конгресот и можноста да обезбедиме информации за нашите активности и контекстот во кој работиме за постигнување на нашите цели. Одговараме на распрашувањата како што е побарано”. – велат од амбасадата на САД, јави 24 Вести.