Од американската амбасада велат дека ниту ги охрабриле, а уште помалку дале одобрување за зголемување на платите на уставните судии за 35 проценти. Во одговор на Алсат околу вчерашното соопштение од Уставниот суд, амбасадата демантира дека била дел од некаков процес во кој се одлучувало на основните плати од над 90 илјади денари, уставните судии да си додадат додатоци од 30 илјади денари плус.

-Амбасадорот нема ниту улога, ниту желба да се занимава со работи што се однесуваат на администрацијата на Уставниот суд или кој било друг суд во С.Македонија. Амбасадорката Брнс се сретна со претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во јануари 2020 година. Амбасадорката изрази поддршка за важната работа на Судот и неговото значење за владеењето на правото и демократскиот напредок на

Македонија, се вели во нивниот одговор до телевизијата.

Ова негирање од амбасадата на САД доаѓа после вчерашното соопштение на Уставен во кое се тврдеше дека силна поддршка за зголемувањето на платите дошла од некои амбасадори, меѓу кои и оние на САД и на Европската комисија во земјава.