Амазон има решение за работниците кои повеќе не сакаат да работат во таа компанија плаќајќи им да си заминат, пренесува „Си-ен-би-си“.

Еднаш годишно, Амазон им нуди на постојано вработените во дистрибутивните центри максимум 5.000 долари за да ја напуштат компанијата.

Вработените имаат право на ова по една година работа во компанијата, а оние што ќе ја прифатат понудата никогаш повеќе не може да се вратат и да работат за Амазон.

Амазон им нуди 2.000 долари на вработените кои минале една година во компанијата, и дополнителни илјада долари за секоја година работење, до максимум 5000 долари.

Амазон тврди дека навистина не сака работниците да ја прифатат понудата. Всушност, насловот на меморандумот гласи „Ве молиме да не ја прифатите оваа понуда“, според зборовите на основачот и извршен директор Џеф Безос.

извор: Makfax