Страв и паника кај здравствените работници од Клиниката за Гинекологија и Акушерство. Лекарот Пајтим Асани пред десетина дена одел цела недела на работа со симптоми на коронавирус пред да биде тестиран, пишува Алфа.

Директорката на ГАК Јовановска за Алфа вели – специјализантот Асани немал никакви симптоми, ама сам решил да се тестира бидејќи бил од кумановскиот регион но и учествувал во пораѓање на родилка позитивна на корона. На неговото тестирање тој е позитивен на ковид 19. Драматично,е што Асани, следниот ден прави уште два теста едниот во државна лабораторија другиот приватно, резултатите веднаш ги добил – и двата биле негативни:

Во ЦЈЗ се тестирал самоиницијативно заради тоа што бил на породувањето на родилка позитивна на Ковид. И тој тест е позитивен, тоа е во сабота. Во недела прави уште еден тест, заради тоа што му се јавиле од јавно здравје дека тој тест кога му го зимале во истиот момент пристигнале 200 теста од Куманово и за да нема грешка, му се јавиле да направи уште еден тест.И тој тест е негативен, за да не биде дека има само еден негативен тој прави тест и во Систина.” – вели за Алфа, директорката на ГАК Викторија Јовановска.

Ама тука не завршува приказната. Имено како е можно за само два дена тестовите на Институтот за јавно здравје да покажат два различни резултата? Дали се точни тестовите во ЦЈЗ и зошто здравствените работници не им веруваат па се тестираат и приватно? Министерот Филипче и по овој случај уверува дека тестовите се релевантни.

Два типа на тестови на атиген и антитела во даден момент – тестовите на антиген и антитела можат да бидат со соодветна комбинација или во која фаза од болеста или состојбата еден е позтивен друг е негативен и тука има бројни седум, осум комбинации на кој кој пациент е позитивен на вирусот.– изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Ова не ја расветлува до крај дилемата за тестовите. Но и за ситуацијата сега на ГАК. Дали бебињата и родилките се безбедни?

Инаку бројот на заболени здравствени работници во земјава секојдневно расте, денеска е потврден нов од ГОБ “8-ми Септември”, пред два дена двајца медицински работници се позитивни на заразата и во Поликлиниката Чаир.Според последните официјални бројки позитивни на Ковид19 се повеќе од 220 здравствени работници.

Извор: Алфа