“Алфа банка” а.д. Скопје успеа да го спаси имотот во кумановската фирма “Искра Инженеринг” на кој има заложено право од прв ред потврдено од Основниот суд во Куманово. Стечајниот управник на фирмата Зоран Стојанкиќ, откако ризикуваш е да заработи кривич на пријава поради тоа што без согласност на Банката објавил продажба на овој имот на јавна лицитација, деновиве го повлекол огласот, со што лицитацијата што требаше да се одржи деновиве, падна во вода. Се работи за градеж- ни машини (кранови) неопходни за работа на фабриката, проценети на околу 1,4 милиони евра, а кои тој сакаше да ги продаде за околу 500 илјади евра, објавувајќ и јавен оглас во медиумите. Иако, во согласност со законската регулатива, правото на продажба на овој залог &”241; припаѓа единствено на “Алфа банка” која тоа го стекнала по осонов на кредити што за набавка на репроматеријали ги има одобрено на фабриката. Како што велат од Банката, деновиве Стојанкиќ повторно побарал согласност од “Алфа банка” за продажба на овој имот, како што тоа го направил и во јуни годинава, но Банката повторно го одбила со образложение дека таа е единствена што има право да го продава. Впрочем, уште во јуни, како што нагласи Ванчо Андоновски, правен застапник на “Алфа банка”, на стечајниот управник му било укажано дека Банката ќе ја продолжи веќе почнатата постапка за продажба на залогот преку овластениот нотар од Куманово, Драган Георгиев за што во август годинава се одржа и првата лицитација. Андоновски е категори- чен дека продажбата на овој имот, кој практично сега е сопственост на “Алфа банка” ќе биде предмет на продажба на јавна лицитација, која се планира да се одржи до крајот на месецов. (В.М.Б.)