x

Алушовски е оптимист: Против Келце ќе биде тешко, но верувам во момците

alusovski

Вардар 1961 ги прави последните подготовки пред продолжението на сезоната во Лигата на шампиони. Нов противник е тимот на Келце, лидерот во групата, македонскиот тим ќе одигра два меча. Прво во Скопје во четврток, а потоа за една недела ќе гостува во Полска.

Стартегот Стевче Алушовски на располагање ќе го има целиот тим. Во претходните денови на повреди се пожалиле Ловро Јотиќ и Филип Талески, но и двајцата се подготвени да одговорат на задачите.

„Она што треба да го кажеме пред натпреварот со Келце, е дека за време на репрезентативната пауза, но и по неа, имавме двајца играчи со проблеми. Јотиќ имаше мала повреда на скочниот зглоб, додека Талески се врати со оток на колентоо, нашиот лекарски тим успеа да ги осопособи па ќе бидеме комплетни за оваа средба“, вели Алушовски.

Келце според стратегот на Вардар 1961 е најдобриот тим во групата, но тој очекува и верува во добра игра и победа на оваа средба.

„Не очекува еден тежок натпревар со лидерот во нашата група, според мене покажа најмногу од сите екипи во групата, незгоден противник составен од некогашни играчи на Вардар, тука мислам на Карачиќ и Душебаев, кои знаат што значи да се игра во Скопје, очекувам неизвесен натпревар. Клучот на успехот треба да биде нашата игра во одбрана, се подготвуваме, анализираме се што значи опасност од играта на Келце, мислам дека во четврток ќе бидеме максимално подготвени за овој дуел .

Нормално не очекуваат два меча со нив, се надевам и сум убеден дека ќе одиграме на нивото на претходните два натпревари, со Порто И Фленсбур. Оптимист сум, секако дека не очекува тешка задача, се надевам на добра игра и победа на нашиот тим“, анализира Алушовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата