x

Алушовски: Голема чест и вистински предизвик е да се вратам во тимот каде што бев капитен

Вардар и официјално го промовираше своето ново тренерско име. Станува збор за Стевче Алушовски, кој како играч настапуваше во „црвено-црниот“ дрес и беше капитен на тимот.

Вели дека се ќе стори Вардар да блесне во подобро издание во пролетниот дел од сезоната.

„Голема чест и вистински предизвик е да се биде предводник во клубот што зад себе има две шампионски титули во три години. Клубот во кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал големо место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме на победничкиот пат. Размислуваме како подобро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам повредите и малерите ќе не одминат и ќе можеме да ја оствариме зацртаната цел. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мислам и добра мотивација”, изјави Алушовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата