x

Алушовски: Вардар направи конкурентен состав, во кој ќе владее тимска атмосфера

Вардар 1961 и официјално почна со подготовките за новата сезона. Актуелниот првак со променет состав ќе се исправи пред предизвикот во Лигата на шампионите.

Во составот на стратегот Стевче Алушовски има девет нови ракометари: Робин Кантегрел, Филип Талески, Гоце Георгиевски, Анте Гаџа, Марко Вујин, Јосип Векиќ, Патрик Валчак и Ловро Јотиќ, а договор со „црвено-црните“ продолжија капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер, Борко Ристовски, Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Марко Кизиќ, Марко Мишревски, Димитар Димитриоски.

Предвоникот е задоволен од „ростерот“, амбициите се две титули во домашниот шампионат, финале во СЕХА-лига и четвртфинале во Лигата на шампиони.

„После четири месец среќен сум што ќе ги стартуваме подготовките, малку е неприродна ситуацијата, не згрижува е состојбата со вирусот, но мора да се вратиме за предизвиците кои не очекуваат. Направивме добра екипа, планот за подготовки е направен, но ова ќе биде нетипични подготовки од аспект што зависиме многу од дневни ситуации.

Ќе бидеме тука, она што е закажано е турнирот во Струга, останува под знак прашалник турнирот во Кањижа . Имаме дозвола за теретана и тренинг на отворено, се надевам дека во понеделник ќе имаме дозвола за влез во сала. Во понеделник имаме закажано прегледи, момците имаа долга пауза.

Екипата не е нивото на претходните години, ниту е екипа која треба да се потцени. Нема да потцениме, ниту да прецениме никого. На 29. август треба да одиграме со Нексе, а потоа следниот викенд ф4 во Задар во СЕХА.

Знаете во февруари во каква ситуација бевме, заедно со раководството и претседателот направивме конкурентен тим, донесовме звучни имиња, Марко Вујин, да не ги издвојувам останатите…сите играчи кои ги донесовме ќе ја имаат мојата полна доверба, како и оние кои остaнаа. Ќе направиме конкурентен тим, во кој ќе владее тимска атмосфера, со здрава работа ќе бидеме на добар пат да ги оствариме целите во Европа“, рече Алушовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата