Алуминиумот во дезодорансите можеби го загрозува здравјето, па луѓето би требало да ја намалат употребата на оние што го содржат тој метал. Според Германскиот институт за проценка на ризикот, потребно е да се спроведат дополнителни истражувања за да се види здравстениот ефект од изложеност на ниски концентрации на металот кој го има и во другите козметички средства – пишува порталот Магазин.

Се уште нема докази за врската помеѓу внесот на алуминиумот и Алцхајмеровата болест или ракот на дојката, но стручњаците потсетуваат на истражувањата кои покажале дека поголеми дози на алуминиум имаат невротоксично влијание врз луѓето.

На возрасните Германци стручњаците им препорачуваат неделниот внес на алуминиум да го ограничат на еден милиграм по килограм телесна тежина, што се внесува со едно нанесување на дезодоранс со алуминиум.

Инаку, алуминиумот го има и во водат за пиење, разните овошја, листовите чај, зачините, во козметичките препарати, а во организмот дополнително влегува преку алуминиумските фолии во кои се пакува храна.