x

Алтипармаковски: Струга ТЛ уште од почеток ќе тргне агресивно кон голот на Работнички!

maca-altiparmakovski

Екипата на Струга ТЛ во изминатиот дел од сезоната нема пораз дома, има пет победи и три ремија. Денеска во деветиот меч како домаќини, и тоа против Работнички, момците на стратегот Срѓан Захариевски се надеваат дека ќе ја продолжат оваа серија, во најлош случај ќе останат непоразени. На гости доаѓа Работнички, тим кој што во Купот одигра 0:0 во Струга оваа есен, но стружани на пенали победија.

Во нападот на Струга ТЛ ќе биде Марјан Алтипармаковски, екс фудбалер на Работнички кога во 2015 “романтичарите“ се пласираа во плеј – офот во Лигата на Европа.

Сепак денеска Алтипармаковски посакува победа на Струга Трим Лум.

На гости ни доаѓа еден сериозен противник, еден од најорганизираните клубови во Македонија. Секако дека ќе биде убаво да се надигруваш со таков ривал. Ние во Струга ТЛ покажавме оваа сезона дека можеме да се носиме со секого, па се надевам дека така ќе биде и денеска. Очекувам уште од почеток дека Струга Трим Лум ќе тргне агресивно кон голот на гостите и дека како и на секој натпревар, така и на овој, ќе одиме на позитивен резултат. Овие мечеви се од големо значење затоа што одредува во која насока ќе се движиш во пролетниот дел од сезоната“ изјави за СПОРТМЕДИА офанзивецот на Струга ТЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата