Изминаа одвај само три трки од 56. првенство на Формула 1, а тимот на Рено веќе се наметнува како доминантен. Во центарот на вниманието со две еднодпоруго победи се најде Фернандо Алонсо. Шпанецот, кој е воздржан на зборови даде интервју за рускиот “Спорт експрес”. Што почувствувавте додека му водевте близу половина секунда на Михаел Шумахер за време на Гран-прито во Бахреин. Какво е чувството да го држите на штрек седумкратниот светски првак? “Да го сфатиш не е лесно. Како некое шесто сетило да ми поткажа дека на ‘Шакир’ дури и на почетокот Михаел да е побрз од мене, ќе стигнам пред него на целта, благодарение на подобрениот болид на Рено. Дали Ви беше проблем пеколната жештина во Бахреин? “Фала му на Бога, секогаш кога бев жеден шишето со вода ми функционираше нормално. Во Малезија за малку ќе умрев од жед. Екипите одделуваат повеќе внимание на машините и обично ги забораваат потребите на пилотот. Јас не обрнувам внимание на тоа. Сметам дека машината треба да биде пред се брза, а не комфорна”. Успевате ли да осознаете што го прави вашиот болид во предност пред конкурентите? “Машината задоволително реагира на реакциите. Болидот има прекрасна аеродинамика, како и моќен и еластичен мотор. Не треба да се заборават и заслугите на производителот на гуми ‘Мишелин”. Неодамна шпанските новинари Ве прашаа дали саката да дојдете на трката во Барселона како водач во првенството. Вие одговоривте дека саката таков да бидете во Кина (таму се вози последната трка, н.з.) “Прекрасно знам дека до Кина има уште многу време. Тешко дека така ќе му оди и на другите 16 трки. Во Малезија и Бахреин непријатности го снајдоа Џанкарло Физикела. Ќе дојде и мојот ред. Треба да сум подготвен за тој момент. Рено почна прекрасна сезона, пилотите треба да се стремат да продолжат во тој стил. Само постојаното усовршување ќе ни ја зачува лидерската позиција”. Факт е дека првпат во животот сте водач во првенството, се сменивте ли? “Се уште не сум навикнал на новата улога, така што односот кон работата и животот не претрпеа ни малку промена. И претходно и сега најважно за мене е да стигнам до финалето. Наполно се согласувам со зборовите на Рон Денис, кој еднаш ги искажа: ‘За да победиш треба прво да завршиш’. Многу мудра мисла”. Формула 1 се врати во Европа и првиот старт на “стариот континет” е во Имола, на патеката на “Енцо и Дино Ферари”… “Патеката е домашна за ‘Скудеријата’. Во моментов, сепак, фаворит е Рено, а не Ферари. Се надевам дека среќата нема да не изневери во ‘Имола’. Во моментот кога Михаел Шумахер и компанијата ќе се справат со проблемите, тие веднаш ќе се вратат во врвот. Дотогаш треба да искористиме максимално и да освоиме што повеќе бодови”.