Шпанскиот возач Фернандо Алонсо, актуелен лидер во шампионатот, го продолжи договорот со Рено на уште една година, што значи дека ќе вози до крајот на 2006 година. – Тоа е веќе завршена работа и ние сме многу задоволни од постигнатиот договор, изјави генералниот директор на тимот, Флавио Бријаторе, кој, исто така, го продолжи договорот на уште една година.