Алкохол , риба, цигари, посни прехрамбени продукти, ова најмногу се купувало викендов  за време на најдолгиот полициски час  досега во Македонија.

Маркетите со полни раце работа. Оналајн нарачките постојано пристигнуваа. Се пакуваа пакети и се доставуваа до врата.

И дежурните аптеки добиваа голем број нарачки. Се барале аналгетици, антибиотици со претходно препишан рецепт, како и терапии за хронични болести кои треба континуирано да се примаат. Побарувачката за гелови и останати препарати за дезинфекција била значително намалена во однос на работните денови.

Телефоните постојано ѕвонеа и во рестораните. Најмногу граѓаните нарачувале пици, риба и рижото.

Извор: Алфа тв