Белгијците пијат алкохол исто како и пред пандемијата, според студијата на Универзитетот во Левен, а  еден од четворица испитаници рекле дека пијат повеќе додека се дома, пренесува АП.

Тим истражувачи анкетирал 10.000 возрасни преку Интернет, од кои 45% рекле дека пиеле иста количина алкохол како пред пандемијата, додека 29% рекле дека пиеле помалку.

Истражувањето исто така покажа дека повеќе мажи на возраст меѓу 20 и 40 години и повисоко ниво на образование пијат повеќе.

„Наспроти широко прифатената идеја дека потрошувачката на алкохол може да се зголеми енормно за време на карантинот, овие резултати се добри вести“, рече водачот на истражувачкиот тим.

Главните причини за зголемена потрошувачка на алкохол се стресот и вознемиреноста предизвикана од стравот од зараза со коронавирус.